Турција денеска ќе ја разгледа кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Комисијата за надворешна политика на турскиот парламент денеска треба да ја разгледа кандидатурата на Шведска за членство во Северноатлантската алијанса, јавуваат медиумите.

Loading...

Турција е една од двете членки на НАТО, заедно со Унгарија, кои сè уште не ја одобриле кандидатурата на Шведска за приклучување кон воената алијанса.

Анкара се пожали дека официјален Стокхолм не прави доволно за да ги спречи „курдските терористи“ во Шведска.

Доколку комисијата ја одобри апликацијата на Шведска, тоа ќе го отвори патот парламентот да гласа за ратификација на таа кандидатура на пленарна седница.

Мнозинството во парламентот го има партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој на крајот треба да го потпише законот за одобрување на членството на Шведска во Алијансата.

Со тоа ќе остане само Унгарија, која сè уште не ја завршила процедурата, а премиерот на таа земја Виктор Орбан минатата недела изјави дека „нема волја“ меѓу пратениците да ја одобрат понудата на Шведска.