Тројца тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица се потешко повредени во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на автопатот Скопје – Куманово.

Loading...

– На 30.07.2021 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, во атар на селото Дељадровци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(28) од село Миладиновци, скопско и влекач „сканија“, со приколка со унгарски национални ознаки,  управувано од Г.Т.(55) од Унгарија, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.М. и сопатниците од неговото возило, А.М.(44) и А.Ф.(45), двете од село Миладиновци, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Никола Ивановски

Leave a Reply