Тројца Срби ограбиле продавница, уапсени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Тројца државјани на Србија се лишени од слобода откако се обиделе да излезат од државата, по кражбата која ја направиле.

Loading...

На граничен премин „Табановце“, вчеравечер околу 22 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.С.(31), Р.Н.(26) и М.М(29), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ во продажен објект во хотел во близина на граничен премин „Богородица“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Leave a Reply