Тројца млади кумановци тешко повредени во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

На патот Куманово – Крива Паланка, вчера околу 23:50 часот М.Р.(22) од Куманово, кој управувал патничко возило „пежо’’, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Loading...

Во незгодата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи со тешки телесни повреди се здобиле М.Р. и сопатниците А.С.(22) и А.Д.(23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply