Тројца мигранти откриени во камион на македонски возач во Босна

Сподели со своите пријатели

Според пишувањата на босанските медиуми, полицијата во областа Брчко во камион со македонски регистарски таблички открила тројца бегалци од Авганистан.

Loading...

Според информациите на тамошната полиција, камион бил запрен вчера попладне, а возачот идентификуван како македонски државјанин Ј.С. (48) е привдене и против него е покрената истражна постапка.

На лицата од Авганистан им беше укажана помош и тие беа предадени на службата за странски државјани, изјавил Халид Емкиќ, одговорен за односи со јавноста во полицијата во Брчко.

Тој додава дека тројцата Авганистанци биле хоспитализирани поради исцрпеност.

Босна и Херцеговина засега не е важна алка на балканската рута на бегалците, но по затворањето на границите на Унгарија и тензиите на хрватско-српската граница се очекува дека е можно да се развие и босански крак на патот кој пренесува бегалци од Турција преку Балканот до земји од Шенген зоната.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.