Тригодишното девојче му помогна на својот помал брат да избега од креветчето, видеото стана вирално (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќето родители на мали деца би направиле сè за нивните деца да спијат добро, без постојано будење, а повеќето мали деца би направиле се за да го избегнат тоа.

Loading...

Популарниот  ТикТокер, Џејсон Иди, го оставил својот двегодишен син Брајсон во креветче да спие, за подоцна да открие нешто неверојатно.

Сега виралното видео, споделено со 4,4 милиони следбеници на Џејсон на неговиот профил @ 4kidscallmedad, покажува снимка од камера  откако Џејсон открил дека Брајсон исчезнува од неговото креветче.

Се испостави дека му помогнала неговата сестра, покажувајќи сила и решителност, но и грижејќи се за малото братче.

Џејсон остана запрепастен кога го виде видеото, а видеото едноставно беше потпишано: „Останав без зборови…“

Многумина беа импресионирани, но и претпазливи.

„Ова е толку добро и толку страшно во исто време. Барем тоа е голема љубов што ја имаат еден за друг“.

Еден дури предупреди: „И сега е време да ја прицврстите комодата на ѕидот“.

Loading...