Три вежби за дишење кои смируваат кога е премногу топло надвор: Пробајте ги!

Сподели со своите пријатели

Техниките на дишење се докажан начин за смирување на умот и нервниот систем, што може да го забави отчукувањeтo на срцето и да ни помогне да ги оттргнеме мислите од вознемиреностa и непријатностa нанесени од топлината.

Loading...

Не само што изведувањето на неколку вежби за дишење може да ви помогне да се смирите психички, но исто така може да помогне и при природно намалување на температурата на вашето тело, правејќи да се чувствувате и посвежи.

– Можно е температурата на телото да ја контролира мозокот. Откривме дека зголемувањето на основната телесна температура може да се постигне преку одредени техники на медитација, кои би можеле да помогнат во зајакнувањето на имунитетот во борбата против заразни болести, велат научниците од Националниот универзитет во Сингапур во студијата објавена во списанието „PLOS ONE“.

 

 

Иако нема многу научни докази за ладење на телото, луѓето кои практикуваат јога веруваат дека одредени видови на дишење помагаат при ладење на телото. Техниките на дишење се докажан начин за смирување на умот и нервниот систем, што може да го забави отчукувањето на срцето и да ни помогне да ги оттргнеме мислите од вознемиреноста и непријатноста од топлината.

Наставникот по јога и медитација Тревис Елиот сподели три вежби за дишење:

Loading...

Алтернативно дишење

Во удобна седечка положба, затворете ја десната ноздра со десниот палец. Вдишете низ левата ноздра, броејќи до четири. На крајот од вдишувањето, тргнете го палецот подалеку од десната ноздра и затворете ја левата ноздра. Вдишете преку десната ноздра, броејќи до четири. Повторете пет до 10 циклуси.

Во јогата, левиот канал е јин, или ладна енергија, а десниот канал е јанг, или топла енергија. Според нивното верување, ваквото дишење ја зголемува ладната енергија и ја намалува топлината.

 

 

Нееднаков сооднос на дишење

Оваа вежба за дишење може да се изведе во удобна седечка или лежечка положба. Вдишете низ носот, броејќи до четири. Потоа издишете броејќи до осум. Повторете пет до 10 циклуси.

Loading...

Вдишувањето го активира автономниот нервен систем, а издишувањето помага да се активира парасимпатичната гранка. Кога издишувањето е подолго од вдишувањето, ова му овозможува на телото да не се прегрее и да се лади.

Совршено дишење

Оваа вежба за дишење може да се изведе во удобна седечка или лежечка положба. Вдишете низ носот околу 5,5 секунди, а потоа издишете низ носот 5,5 секунди. Вежбајте ја оваа вежба 5,5 минути.

 

 

Се проценува дека просечниот човек вдишува околу 16 до 17 вдишувања во минута, што создава поголеми потреби за енергија во системите на телото, вклучувајќи го и крвниот притисок. Со забавување на здивот, системите на телото работат со поголема ефикасност.

Исто така, со вдишување и издишување преку носот, задржуваме повеќе влага во телото. Дишењето преку уста предизвикува 40 проценти повеќе вода да се изгуби од телото, така што може да почувствувате сувост во дишните патишта.

Loading...

Leave a Reply