Три непишани правила за сексот кои треба да ги знаете

Сподели со своите пријатели

Сексот е одличен, забавен, божествен, убав… И така, би можеле да продолжиме бесконечно да набројуваме, но тоа е навистина само разубавување на реалноста, бидејќи вистината не е толку розова…

Loading...

Кога станува збор за сексот, постојат некои факти или правила за кои не се зборува, и сите ги знаат, односно сите се свесни за нив.

Еве неколку од нив:

Предиграта е важна

Секако, брзиот секс понекогаш е одлична опција и не секогаш имате време да поминувате часови во кревет, но кога тоа го правите, предиграта е задолжителна.

Меѓу другото, истражувањето на „Journal of Sex Research“ откри дека жените прво сакаат предигра во траење од 11 до 13 минути, а потоа од 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација.

Ова би значело дека вкупниот секс со предигра мора да трае најмалку 25 до 30 минути за задоволството да биде целосно.

Првиот секс со партнерот никогаш не е најдобар

Loading...

Првиот пат кога сте голи еден пред друг, немате идеја како е да се биде во кревет. Дали ќе биде добар? Милион прашања ќе ви прелетаат низ главата, но сè што треба да направите е да се опуштите и да се препуштите.

Погледнете на сè како можност да се запознаете уште подобро и со текот на времето ќе достигнете совршенство.

Сексот е смешен

Испуштате чудни звуци, правите смешни гримаси, а разни пози исто така носат одредена доза на радост. Кога нешто е смешно, насмевнете се.

Не дозволувајте ваквите ситуации да ве прават да се чувствувате непријатно затоа што не се. Тие се нормални и им се случуваат на сите.

Leave a Reply