Три лица тешко повредени во сообраќајка во кумановско Горно Којнаре

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат Куманово – село Горно Којнаре, вчера околу 12:25 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово, и патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. Ф. (22) од село Горно Коњаре, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, по незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото ,,Пежо“ М. Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Куманово.

Leave a Reply