Три интервенции на кумановските пожарникари изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие бележат три интервенции на исто толку локации, а една имале и пожарникарите во општина Старо Нагоричане.

Loading...

Во периодот од 08:30 до 09:40 часот тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запален оџак на улицата „Драгиша Шупаревски“.

Во близина на Гимназијата „Гоце Делчев“ пожарникарите гаснеле запален контејнер за смет во период од 11:25 до 11:45 часот.

Кај спомен Костурница интервенирале четворица пожарникари кога се запалил автомобил. Интервенцијата траела од 19:40 до 20:15 часот.

Една интервенција во текот на изминатото деноноќие имале и пожарникарите во општината Старо Нагоричане. Во период од 12:15 до 14:20 часот двајца пожарникари интервенирале на гаснење запалена сува трева и нискостеблести растенија покрај магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Причина за избувнување на пожарите, како и висината на материјалната штета засега не е позната.

Никола Ивановски