Три години затвор за научникот кој правеше ГМО бебиња

Сподели со своите пријатели

Кинескиот суд денес го осуди научникот Хе Jиангкуи, кој ги направи првите „генетски модифицирани“ бебиња, на три години затвор за нелегално практикување на медицината.

Loading...

Покрај затворската казна, тој беше осуден на казна од 430.000 долари, пренесува Ксинхуа.

Двајца негови соработници добија помали казни.

Жанг Ренли беше осуден на две години затвор, а Ким Жинџоу на една и пол година, пренесува Ројтерс.

Хе, водечкиот истражувач, рече дека пред 13 месеци помогнал во создавање на првите генетски модифицирани бебиња, родени во ноември 2018 година.

Ова предизвика голема дебата за етиката на генетската модификација.

Leave a Reply