ТРЕНДОВИ ВО 2022: Како ќе патуваме?

Сподели со своите пријатели

Епидемиолошката ситуација во голема мера диктира колку и каде ќе патуваме, така што можеме да очекуваме дека ќе го обликува патувањето и следната година.

Loading...
  1. Приватност

Еден од трендовите што ќе ја одбележи 2022 година ќе биде стремежот за приватност. Имено, допрва ќе се бара повеќе простор и приватно сместување, но на пример во изолирани викендички.

 

 

  1. Дополнителни капацитети

Оние кои ќе се одлучат за аранжман сè повеќе ќе ја избираат опцијата „одморалиште на плажа плус…“, односно дополнителни активности, како културни настани над апсолутниот одмор и релаксација.

 

  1. Патување со воз

Агенциите кои се занимаваат со луксузни, индивидуално приспособени патувања тврдат дека забележале голем пораст на интересот за патување со воз.

Loading...

 

  1. Семејно патување

Што се однесува до семејните патувања, тие ќе бидат резервирани многу повеќе отколку во времето пред пандемијата.

Времето и одморот поминат со семејството ќе бидат сè повеќе ценети (многу семејства повеќе ќе патуваат со домашни миленици), а децата ќе имаат поголем глас во одлучувањето каде да патуваат.

 

  1. Грижа се за себе

Патувањето сè повеќе ќе се гледа како форма на грижа за себе.

 

 

Loading...
  1. Престој

Досега популарниот престој, одмор недалеку од сопствената куќа, сепак ќе остане една од омилените опции за многумина.

 

  1. Откажување

Политиката за откажување ќе продолжи да биде една од најважните ставки при резервирање аранжмани, билети и сместување. Колку е пофлексибилен, толку подобро.