Трамп: Обвинението против мене дополнително ќе ја уништи Америка

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот објави дека неговите адвокати имале „продуктивна средба“ со претставници на Министерството за правда, додавајќи дека обвинението против него „понатамошно ќе ги уништи“ САД.

Loading...

„Моите адвокати утринава имаа продуктивен состанок со Министерството за правда, каде детално објаснија дека не сум направил ништо лошо и дека обвинението против мене само дополнително ќе ја уништи нашата земја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека за време на средбата не му било дадено предупредување на неговиот тим.

„Не верувајте во лажни вести“, рече Трамп, кој се бори за републиканска номинација на претседателските избори во САД во 2024 година.

Целта на истрагата

Претходно, американските медиуми објавија дека адвокатите на Трамп се сретнале со претставници на Министерството за правда и специјалниот истражител Џек Смит, на денот кога се состанува големата порота за да ги испита обидите на поранешниот претседател да го смени неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година.

Американската телевизија NBC објави дека тимот на Трамп бил информиран дека тој ќе биде обвинет.

На 18 јули, Трамп објави дека добил писмо од Смит во кое се наведува дека тој бил цел на неговата истрага за настаните што доведоа до упадот на Капитол од страна на поддржувачите на Трамп на 6 јануари 2021 година.