Трамп: Ако бидам избран за претседател, за еден ден ќе ја решам војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно објави дека доколку биде реизбран за претседател, во рок од 24 часа ќе го реши прашањето за војната во Украина.

Loading...

„Ако повторно станам претседател, таа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа. И двајцата претседатели, Путин и Зеленски, имаат слабости и силни страни, но ви велам, во рок од 24 часа, таа војна ќе се реши.Гготово, апсолутно ќе биде готово“, рече Трамп во интервју за Си-Ен-Ен.

На прашањето на новинарката на Си-Ен-Ен Кејтлан Колинс дали смета дека рускиот претседател е воен злосторник во контекст на војната во Украина, тој не сакаше да одговори.

Тој рече дека тоа е нешто за што треба да се разговара подоцна. Сепак, тој призна дека мисли дека Путин направил грешка.

„Ако кажете дека е воен злосторник, ќе биде многу потешко да се склучи договор за да се запре оваа работа. Ако тој биде воен злосторник, луѓето ќе го грабнат и ќе го погубат, тој ќе се бори многу потешко отколку што го прави под други околности. Тоа е нешто за што ќе разговараме подоцна“, рече Трамп.

Тој, сепак, истакна дека влегувањето на Русија во Украина е грешка.

„Неговата грешка беше да влезе внатре. Тој никогаш немаше да влезе ако јас бев претседател“, рече Трамп.

Тој не даде конкретен одговор кој гледа како победник во војната.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.