Титаник 2 наскоро тргнува на пловидба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Верна копија на најпознатиот патнички брод полека се подготвува да заплови во 2022 година, се вика Титаник 2 и чини 500 милиони долари.

Loading...

Внатрешноста на новиот Титаник ќе изгледа скоро исто како во оргиналниот брод.

Првата класа ќе биде одделена, како и просториите за јадење за прва и втора класа, а на патниците на располагање ќе им бидат базен и турска бања. На бродот ќе има и посебна просторија наменета за пушачите.

Титаник 2 исто така ќе има верна копија на централните скали. Бродот ќе може да прими 2.400 патници и 900 членови на екипажот.

Од компанијата „Блу стар лајн“ која е во сопственост на австралискиот милионер Клајв Палмер, најавуваат дека Титаник 2, кој се уште се изработува, ќе има модерен безбедносен систем како и современи чамци за спасување.

Компанијата која го има произведено оргиналниот Титаник се викала „Вајт стар лајн“.

Се очекува дека новиот на пловидба ќе тргне од Дубаи, потоа ќе се врати во Англика во Саутемптон, а ќе продолжи кон Њујорк. Организаторите на пловидбата најавуваат дека ќе бидат потребни до осум дена за пловање преку Атлантикот.

Пловидбата на новиот Титаник била најавувана уште во2 012 година, но е одложена од финансиски причини.

Loading...

Цените на билетите засега не се познати.

Leave a Reply