Тинејџер прегази пешак на улицата „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

На 26.07.2017 година околу 09,30 часот во Куманово на ул.„11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода во која Б.С.(19) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ удрил во пешакот З.А.(37) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од незгодата, З.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Јавна здравствена установа – Куманово, но поради сериозноста на повредите е префрлен во
Ургентен центар – Скопје.

Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Куманово.

фото: архива

Loading...