Тинејџер откри дека ќе стане постар брат и се расплака од среќа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Интернетот е полн со видеа што покажуваат реакции на децата на веста дека ќе станат постари браќа и сестри. Но, вистинска реткост е да се видат тинејџери како реагираат на такви вести како овој тинејџер.

Loading...

Имено, на Твитер се појави видео направено од мама Беки.

„Реакцијата на синот кој дозна дека ќе стане голем брат. Плачев и му реков дека ми е жал што никогаш нема да можам да му дадам брат или сестра. Решив да престанам да се обидувам пред четири недели”, рече таа.

Родителите му дадоа честитка на својот син со добрата вест. Мораше да ја изгреба фолијата за да открие дека ќе стане голем брат. Кога прочита за што станува збор, се расплака од среќа.

“Каква прекрасна реакција! Ќе биде најдобриот постар брат”, коментираше едно лице за трогателната снимка, која на многумина им донесе солзи радосници.