Тим од 30 лекари изведoa вистинско чудо!

Сподели со своите пријатели

Во италијанската болница „Бамбино џез“, успешно е изведена операција во која се разделени две сестри сијамски близначки кои биле поврзани со черепот, вратот и имале заеднички најголемиот дел од венскиот систем, јавува агенцијата Анса.

Loading...

Ваквата операција за прв пат е изведена во Италија, а веројатно и во светот и се изведувала само три пати досега, а сестрите биле дефинитивно одвоени на 29 јуни, тие се чувствуваат добро и се сместени во одделни кревети, велат од болницата.

Сијамски близнаци киднапирани по раѓањето и мачени за нечовечки експерименти (фото+видео)

Операцијата ја изврши тим од 30 специјалисти и технички медицински персонал.

За подобро да се испланираат и да се изврши многу комплицираната и опасна операција, лекарите направиле 3Д копија на черепот. Најтешкиот дел од операцијата било раздвојување на крвните садови на главата, кои биле поврзани на неколку места.

Близнаците се со потекло од Централноафриканската Република, од каде пред две години во Рим, веднаш по раѓањето, ги довела директорката на клиниката, Мариела Еноч.

Факти за сијамските билзнаци: Денес има 12 живи во целиот свет

Според изјавата од болницата, девојчињата, иако имаат многу заедничко, многу се разликуваат како личности. Патем, пред операцијата со која тие биле разделени, за да можат да се видат една со друга, користеле систем на огледала.

Loading...

Leave a Reply