Сијамски близнаци киднапирани по раѓањето и мачени за нечовечки експерименти (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Киднапирани од мајката уште за време на Советска Русија, сијамските близначки Маша и Даша Кривосљапови со години биле дел од најгрозоморни медицински експерименти и истражувања.

Биле третирани со оган и палени, изгладнувани, премрзнувани, вештачки одржувани будни, во нив биле вбризгувани разни радиоактивни и хемиски супстанци, а и електрошокови кои биле употребувани за разни луди истражувања и тоа само затоа што делат заеднички крвен систем, но имале раздвоени нервни системи.

Иако целиот живот живееле по институции и за нивниот хорор малку се знаело, сега целата приказна излегла на површина и тоа благодарение на новинарката Џулиет Батлер, пренесува Дејли мејл.

 

Loading...

 

Таа открила дека, иако целиот живот споделувале стравичин маки за време на детството и по медицински и научни сонаториуми, тие се развиле во две целосно различни персони. Додека едната била сурова, бесчувствителна и психопатски манипулативна кон својата сестра, другата останала нежна и чувствителна, со силна желба да живее нормален живот.

Немам сомнежи дека Маша била психопат, а дека Даша била во емоционално условувачка положба и дека била злоставувана од страна на својата сестра – рекла Батлер, која станала нивна пријателка во 1988 година.

Маша на Даша и го ускратувала она што та секогаш го посакувала. Кога некој е во таков однос секогаш има можност да замине. Маша ја немала. ниту можела да има однос со нивната мајка, ниту да ја запознае љубовта, ниту да има шанса телата да им се раздвојат. Баш јас бев таа која им кажа што се доживеале за време на детството, затоа што тие целосно тоа го потиснале. Даша тогаш рече „Па тие само ја работеа својата работа“, додека Маша беше бесна. Дури и кога Даша се вљубила и љубовта и била возвратена, Даша го одбила момчето затоа што никој не смеел да ја има освен Маша – вели Батлер.

 

Така било и со начинот на живот, со оглед дека Даша сакала да работи, а Маша само сакала да пуши и да пие алкохол, што биле работи кои нејзината сестра не ги поднесувала. Меѓуот,а останале заедно се до смртта во 2003 година, кога првин Маша починала од срцев удар во 54-та година, но како Даша ниту тогаш не сакала хирушки да им се раздвојат телата, починала од труење со крвта од телото на Даша кое било во распаѓање, само неколку часа по смртта на својата сестра.