Тешко повредена малолетничка од Куманово откако во неа удрило „ауди“

Сподели со своите пријатели

Малолетно девојче од Куманово се здобило со тешки повреди откако во неа удрило „ауди“ на булеварот „Октомвриска револуција“.

Loading...

– На 07.05.2023 околу 23.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(20) од Куманово, удрило во малолетен пешак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Никола Ивановски