Тешко повреден Швајцарец во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен државјанин на Швајцарија со привремен престој во Куманово утринава бил тешко повреден откако во него удрил голф.

Loading...

– Денеска (23.08.2022) околу 09.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ленинова“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(39) од Куманово, удрило во И.А.(62) од Швајцарија, со престој во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во  Општа болница Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седум пратеници од Куманово и еден од Липково во новиот парламентарен состав

Никола Ивановски