Тешко повреден пешак во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и шестгодишен пешак од Куманово се здобил со тешки повреди, откако вчера во него удрил сограѓанин со пасат.

Loading...

– На 12.07.2021 во 10.05 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Доне Божинов“, патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Куманово удрило во пешак С.М.(86) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply