ТЕРОР ОД ДЛАБОЧИНИТЕ НА ЈАДРАНОТ: Нападите на белите ајкули не се ретки како што се мисли (видео)

Сподели со своите пријатели

Важно е да се знае дека во Јадранското море има и големи бели ајкули и тоа дваесетина видови. Иако не се гледаат често, тие сепак се тука, имаат важност за морето и екосистемот. 

Биолозите сметаат дека климатските промени на Јадранот ќе донесат промени и во биоразновидноста па ќе дојдат и некои нови видови.

Сцена како од хорор филмови: Огромна ајкула скокна на палубата на бродот (видео)

Loading...

Откако се водат службени сатистики, морските кучиња во Јадранското море убиле 11 капачи, од што на хрватскиот дел на Јадранот страдале деветмина луѓе. Статистиката ја води организациата „Шак Рисрч“, а според нив, првиот напад на морско куче на пливачи во Јадранот се случил во Трст далечната 1868 година. Следните напади забележани се во 1907 година кај Крк и околу Хвар.

Напад се случил и во 1934 година кај Краљевица, а во летото 1955 година забележани се два смртни случаи во едно лето, еден кај Будва и еден во морето пред Опатија. Во септември 1961 година ајкула повторно нападнала во Опатија каде страдал студент од Белград.

Хорор во Црна Гора: Ајкула изела половина човек, момчето пронајдено преполовено

Во 1966 година нападнат е и еден капач од Чешка кај Бакр, во 1971 година во Истра страдал полски турист кој искрварил откако му бил одгризан дел од ногата, а последниот смртен случај е забележан во 1974 година во Локва Рогозница кај Омиш, каде страдал 21-годишен германски турист.

Отогаш забележан е само напад на словенечкиот нуркач Дамјан Песек кај Вис во 2008 кој преживал напад.

https://www.facebook.com/podvodni.hr/videos/1458007410951728/