Темната страна на Њујорк: Како годишната плата од 100.000 долари на крајот излегува само 36.000?

Сподели со своите пријатели

За многу Американци, годишната плата од 100.000 долари изгледа како симбол на успех, но тоа е релативно и се зависи од тоа каде живеете.

Loading...

На пример, во Њујорк, таа сума, по одбивањето на даноците и скапите сметки за живот, излегува дека е 36.000 долари, објави Блумберг.

Податоците од 76 најголеми градови во САД беа земени за да се види каде/кој добива најмногу пари – од имагинарни 100.000 долари, а анализата ја направи SmartAsset, давател на финансиски информации.

Њујорк е рангиран најниско во оваа анализа, бидејќи 100.000 долари завршуваат како 35.791 долари.

Меѓу 10-те најскапи градови се, освен Њујорк, Сан Франциско, Вашингтон, Лос Анџелес, Бостон и Сиетл.

Од годишна плата од 100.000 долари, според списокот на SmartAsset, најмногу пари остануваат во Мемфис, Тенеси, каде што имате 86.444 долари по одбитоците.

SmartAsset го користеше својот калкулатор за плата за да примени федерални, државни и локални даноци на годишна плата од 100.000 американски долари, а потоа го усогласи преостанатиот износ со локалните трошоци за живот, кои ги вклучуваат трошоците за домување, намирници, комунални услуги, транспорт и други стоки и услуги.

Цените се од третиот квартал од 2022 година.

Loading...