Телеграм направи „бум“ од падот на најголемите социјални мрежи

Сподели со своите пријатели

Голем пад и прекин во работата на системот во понеделникот ги погоди Фејсбук, Инстаграм и Воцап, што им оневозможи на корисниците пристап до овие платформи со часови.

Loading...

Очекувано, корисниците се свртеа кон алтернативни платформи, и се чини дека Телеграм излезе од сето ова како голем победник.

 

Три теории на заговор за најголемиот пад во историјата на Фејсбук

 

Павел Дуров, основачот на оваа мрежа, тврди дека исклучувањето на Фејсбук доведе до повеќе од 70 милиони приклучувања на платформата Телеграм за само еден ден.

Основачот на Телеграм тврди дека услугата функционирала беспрекорно за повеќето корисници, но додаде дека некои луѓе во Северна и Јужна Америка можеле да забележат побавна брзина од вообичаено поради зголемениот број на корисници.

Ова не е првпат Телеграм да профитира од проблемите со кои се соочува Фејсбук / Воцап.

Loading...

 

Повторно се огласи сопственикот на Фејсбук и испрати порака до критичарите

 

Одлуката на Фејсбук во јануари да ја смени политиката за приватност на WhatsApp резултираше со голем број корисници кои пробаа Телеграм.

Дуров тогаш истакна дека 25 милиони нови корисници пристигнале на платформата за само 72 часа.