Таргетирани рестрикции ако расте бројот на заболени

Сподели со своите пријатели

Таргетирани рестрикции за одредени места ќе бидат воведени доколку во следниот период продолжи да расте бројот на новозаразени со коронавирус, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Ваквата реакција следува откако во изминатите денови, а особено денеска расте бројот на нови случаи. Министерот Филипче на прес конференцијата изрази длабока загриженост.

– Сакам јасно да порачам дека повторно ќе воведеме таргетирани рестрикции на некои места согласно бројот на дијагностицирани ако епидемиолошката остојба тоа го наложи. Утрово на Комисијата за заразни болести тоа го дискутиравме, ќе ги анализираме бројките и за викенд и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Во овој момент поради стабилна состојба на здравствени капацитетит и локални кластери нема потреба, но будно следиме ако треба ќе воведеме, рече Филипче.

Од новите случаи најголем дел се од четири скопски општини: Сарај, Гази Баба, Чаир и Аеродром, каде ако продолжат да се нижат нови случаи овие општини ќе одат во карантин.

– Верувам дека тоа ќе бара сериозна координација со другите институции, со МВР, искрено се надевам дека нема да стигнеме до таму, но сме спремни, сигурно ќе се најде начин како да се спроведе, но битно е јасно да се упати сигналот дека сега треба сериозно сите да се придржуваме до мерките, сите околни земји отвораат граници и прават ослободувања, и ние имаме план и планираме што следно ќе ослободиме, но времето кога тоа ќе се случи ќе одлучуваме следните денови, врз основа на секој ден или двонеделните анализи, изјави министерот Филипче.

Во Општина Куманово нема нови случаи, новите шест кои денеска се водат како Куманово се случаи од соседната општина Липково.

Никола Ивановски

Leave a Reply