Тамара Трајковска од Куманово е добитник на стипендија за студирање во Софија

Сподели со своите пријатели

Матурантката Тамара Трајковска е добитник на стипендија за студирање во Софија на Факултетот за бизнис и претпримништво. Таа учествуваше на меѓународен натпревар во Пловдив, каде што меѓу повеќе од стотина учесници од Франција, Германија, Словенија и други држави , Тамара освои прво место на меѓународен натпревар во Пловдив.

– На натппреварот македонија учествуцваше првпат, од мкд учеаствуваме јас и марија петковска од гимназијата гоце делчев, под менторсдтво на профсорката марија ѓорѓиевска, а можност да учњствуваме на воој натпревар довибем од меѓународна франкофонска органзиација. На натпреварот темата беше бизнис и претприемништво, каде што имавме можност да зборуваме на француски јазик и како награда освоив стипендија за студирање во Софија на Факултетот за бизнис и претпримеништво. На натпшреварот си поминав прекрасно, многу бев одушевена од тоа што првпат овој натпреавр се одвиваше на француски јазик ,а досега секогаш се одвивал на англиски . јас како ученик во билингвалната паралелка има в можност францускиот да го надополнам, и да стекнам нови искуства.

Комисијата што ги оценувала натпреварувачите била во состав од шестмина професори кои што предаваат на универзитетите во Софија. Дел од нив биле професори по француски јазик, а останатите предаваат бизнис и претприемништво.

– Ја добивме темата таму, имавме два часа да подготвиме десеминутен говор каде што пред комисија имавме можност да се претставиме, а по завршувањето на тие десет мнииту добивме кратки парашања, на кои што требаше да одвогоривие. Кога завршија сите учесници имаше свечено доделување на награди.

Иако Тамара заслужено ја добила стипендијата , таа се уште не одлучила да ли своето образвание ќе го продолжи токму во Бугарија. Доколку не се запише во Софија, Тамата би сакала своето образование да го продолжи во Франција или во некоја друга франкофонска држава.

Leave a Reply