Војна во Украина (Page 420)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите воени разузнавачи, во кој тие ги наведоа руските промени во тактиката од 2014 година до денес, наведувајќи дека тие преминале од субверзија во инвазија. „Од 2014 година, стратешката цел на Русија во Украина останува конзистентна – контрола над нејзиниот сосед.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина говореше и американскиот претседател Џо Бајден. „Пред една година претседателот Путин мислеше дека брзо ќе го заземе Киев“, објави официјалниот профил на американскиот претседател. „И тогаш тој се сретна со храброста на Украинците и железната волја на нациите ширум светот“, сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на годишнината од руската инвазија на својот канал Телеграм. Тој напиша: „На 24 февруари милиони од нас донесовме одлука. Не бело знаме, туку сино-жолто. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба“. Беше година на тага, верба и единство. И ова е годинаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека западното снабдување со муниција не е одржливо, бидејќи потрошувачката е превисока, пренесува SkyNews. Столтенберг рече дека конфликтот во Украина сега станува „битка за логистика“, така што сојузниците на Украина мора да го зголемат производството. „Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Утре е годишнината од војната. Вака денеска изгледа патот пред руската амбасада во Лондон Денеска дел од улицата пред руската амбасада во Лондон е обоена во боите на украинското знаме – жолта и сина. Фотографијата на Твитер ја објави британскиот активистички колектив Лед од Магари. „Утре е првата годишнина одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

По неколкумесечна тензија меѓу платениците на Вагнер и руската војска, шефот на паравоената група, Евгениј Пригожин, го обвини руското воено раководство за предавство. Ескалацијата на војната со зборови може да укаже на слабеење на влијанието што Пригожин го имаше кај рускиот претседател Владимир Путин, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ) пишувањеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Финското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во Украина ќе испрати три тенкови „Леопард 2“. Финскиот претседател Саули Ниинисто најави воена помош за Украина минатиот месец, но рече дека тенковскиот придонес на Хелсинки „нема да биде голем“. Финска има околу 200 тенкови Леопард 2 од германско производство, според Ројтерс. ВредностаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Министрите за финансии на Групата седум најбогати либерални демократии (Г7) ќе се обидат да договорат нов пакет економски санкции против Русија на денешниот состанок во Индија, во пресрет на првата годишнина од почетокот на нејзината инвазија на Украина. Состанокот на Г7 се одржува на маргините на состанокот на министрите заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Молдавија денеска ги отфрли обвинувањата на руското Министерство за одбрана дека Украина планира да изврши инвазија во отцепениот молдавски регион Придњестровје по извршувањето на т.н. операции за лажно знаме и повикаа на смиреност. Руската новинска агенција РИА објави дека Украина, која граничи со Молдавија, планира да организира лажен напад наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина влегува во првата година, а крајот не се гледа, ниту има знаци за можни мировни преговори. Во пресрет на годишнината од руската инвазија, Украинците се разбудија со предупредувања да очекуваат напади. Во интервју за локален сајт за вести, шефот на военото разузнавање Кирил Буданов рече дека РусијаПрочитај повеќе