Финска испраќа три „леопарди“ во Украина

Сподели со своите пријатели

Финското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во Украина ќе испрати три тенкови „Леопард 2“.

Loading...

Финскиот претседател Саули Ниинисто најави воена помош за Украина минатиот месец, но рече дека тенковскиот придонес на Хелсинки „нема да биде голем“.

Финска има околу 200 тенкови Леопард 2 од германско производство, според Ројтерс.

Вредноста на новиот фински пакет воена помош за Украина е 160 милиони евра, соопшти Министерството за одбрана во Хелсинки.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.