Молдавија: Не е точно дека Украинците планираат инвазија на Придњестровје

Сподели со своите пријатели

Молдавија денеска ги отфрли обвинувањата на руското Министерство за одбрана дека Украина планира да изврши инвазија во отцепениот молдавски регион Придњестровје по извршувањето на т.н. операции за лажно знаме и повикаа на смиреност.

Loading...

Руската новинска агенција РИА објави дека Украина, која граничи со Молдавија, планира да организира лажен напад на руските сили од Придњестровје врз Украина, што ќе го искористи како изговор за инвазија.

Русија има свои воени единици во отцепениот регион.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин изјави дека Западот и наредил на молдавската влада да ја прекине секаква интеракција со властите во Придњестровје, поддржани од Москва.

„Подготвени сме за закани од Русија“

Молдавската влада објави соопштение на Телеграм во кое се наведува дека молдавските државни органи „не ги потврдуваат“ наводите на руското Министерство за одбрана.

„Повикуваме на смиреност и да добиваме информации од официјални и веродостојни извори на Република Молдавија“, се наведува во соопштението.

„Нашите институции соработуваат со странски партнери и во случај на закани кон државата, јавноста ќе биде навремено информирана“, се додава.

Министерот за надворешни работи на Молдавија во средата изјави за Ројтерс дека Молдавија е подготвена за „целосниот спектар на закани“ од Русија.

Loading...

„Нашите институции планираа одговори на целиот спектар на закани“, рече тој.

Санду ги обвини Русите дека планираат државен удар

„Се разбира дека имаме ограничени ресурси, но во исто време не сме сами“, додаде таа.

Претседателката Маја Санду, која се залага за пристапување на Молдавија во Европската унија, овој месец ја обвини Москва дека планира државен удар против молдавското раководство. Москва ги отфрли тие обвинувања.

По распадот на Советскиот Сојуз, проруските сепаратисти во Придњестровје прогласија независност и тргнаа во војна против Молдавија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека е „очигледно“ дека Украина нема да биде последната станица на Русија по инвазијата на Украина и дека Кремљ размислува за начини да ја „задуши“ Молдавија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.