Русија (Page 528)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Кој би рекол дека немирен средношколец со едвај многу добар успех еден ден ќе стане најмоќниот светски лидер, а токму тоа и се случило со Владимир Путин, претседателот на Русија. На интернет сајтот „Quora“ се појави неговото свидетелство од 1970. година кога тој имал 18 години и учел во средноПрочитај повеќе