Мајмунски сипаници (Page 2)

Мајмунски сипаници е заразна вирусна болест која може да се појави кај луѓето и некои други животни.

Можно е човек да се зарази со мајмунски сипаници без да покаже никакви симптоми. Симптомите имаат тенденција да започнат 5 до 21 ден по инфекцијата. Меѓу нив се главоболка, болки во мускулите, треска и замор, кои првично личат на грип.

Во рок од неколку дена по треската, лезиите карактеристично се појавуваат на лицето пред да се појават на трупот. Потоа на друго место, како што се дланките на рацете и стапалата.

Болеста може да личи на сипаници, но се разликува по присуството на отечени жлезди кои може да се појават зад увото, под вилицата, во вратот или во препоните, пред почетокот на осипот.

Многу случаи во епидемијата на мајмунски сипаници во 2022 година се со генитални и перианални лезии, треска, отечени лимфни јазли и болка при голтање,  при што некои пациенти манифестираат само единечни рани од болеста.

Три четвртини од засегнатите луѓе имаат лезии на дланките и стапалата, повеќе од две третини во устата, една третина на гениталиите и секој петти има лезии на очите. Тие започнуваат како мали рамни дамки, пред да станат мали испакнатини кои потоа се полнат со прво бистра течност, а потоа со жолта течност, која последователно пука и создава краста, опстојувајќи околу десет дена.

Може да има неколку лезии или неколку илјади, понекогаш спојувајќи се за да произведат големи лезии. По заздравувањето, лезиите може да остават бледи траги пред да станат темни лузни.

Волеста трае две до четири недели и смртноста е многу мала.

Најчесто се јавува преку близок контакт, особено сексуален однос, но и заразени површини. Во поголемиот дел од случаите во Европа вирусот се пренесува меѓу мажи кои имале секс со мажи.

Во продолжение последните информации на оваа тема.

Сподели со своите пријатели

Италијанско куче се заразило со мајмунски сипаници, што е прв пријавен случај на пренесување на оваа болест од човек на куче. Loading… Случајот е пријавен во Париз, а потоа американскиот Центар за контрола и превенција на болести вклучи кучиња во листата на животни кои се подложни на вирусот, објави „ВашингтонПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Клиниката за инфективни болести за МИА потврди дека е хоспитализиран мигрант суспектен на мајмунски сипаници кој вчера беше повреден во сообраќајната незгода на патот Гевгелија-Демир Капија. Loading… Мигрантот, како што информираат од Клиниката за инфективни болести, е тестиран и е негативен. За првиот пациент од Кичево, кој покажал симптоми наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата. Loading… Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај. Комисијата за заразни болести препорача воведувањеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници. Loading… – Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кајПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Првиот случај на мајмунски сипаници кај дете е откриен во Германија. Досега во таа земја се регистрирани повеќе од 2.900 случаи на мајмунски сипаници. Loading… Германскиот институт за јавно здравје „Роберт Кох“ соопшти дека е заразено четиригодишно девојче од градот Форхајм на југозападот на Германија. Девојчето кое живее во заедничкоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација го прогласи ширењето на вирусот мајмунски сипаници за глобална здравствена криза, а ова се некои симптоми. Loading… Овој вирус досега е регистриран во повеќе од 80 земји, а во светот се регистрирани 17.000 случаи, пишува N1 Загреб. Додека здравствените работници сè уште бараат одговори бидејќи вирусот продолжуваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американската администрација одлучи да ја прошири својата ограничена понуда на вакцини против мајмунски сипаници дозволувајќи различен метод на инјектирање кој користи една петтина од вакцината по шприц, објави вчера Њујорк Тајмс, цитирајќи високи претставници запознаени со планот. Loading… САД минатата недела прогласија вонредна состојба за јавно здравје поради мајмунски сипанициПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Може ли да се запре епидемијата на мајмунски сипаници? Светската здравствена организација тврди дека ова е глобална вонредна состојба. Loading… Значи, дали може да се запрат мајмунските сипаници? Или сега сме осудени да имаме нов вирус кој слободно се шири низ светот? Треба да земеме предвид три работи: Дали вирусотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Србија од 17 јуни, кога е регистриран првиот случај на мајмунски сипаницо, откриени се вкупно 23 заболени лица. Loading… Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, на територијата на Белград се потврдени 20 случаи на зараза, а по еден во Јужнобачки, Јужнобанатски и Сремски округ.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради брзото ширење на епидемијата на мајмунски сипаници низ целата земја, објави Си-Ен-Ен. Loading… Одлуката беше соопштена на брифинг во Министерството за здравство, кое деновиве беше обвинето дека не се справува на вистински начин со епидемијата на мајмунски сипаници и соПрочитај повеќе