СЗО: Се заканува епидемија на мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи тревога поради големата епидемија на мпокс во Демократска Република Конго, но и во целиот свет.

Loading...

Оваа болест, порано позната како мајмунски сипаници, се пренесува преку близок физички контакт.

„Загрижени сме дека може да има понатамошен меѓународен пренос од Демократска Република Конго, но и низ целиот свет“, рече д-р Розамунд Луис, технички лидер на Светската здравствена организација за мпокс, пред новинарите во Женева“.

Таа посочи и дека постои сомневање дека 13.000 лица заболеле од сипаници, додека повеќе од 600 смртни случаи се поврзани со оваа болест.

Според д-р Луис, зголеменото ширење на болеста во Конго е поврзано со сексуалната активност.

Симптомите на мајмунски сипаници вклучуваат осип, треска, исцрпеност, отечени лимфни јазли и главоболка.

Минатата недела, Камбоџа го пријави својот прв случај на инфекција.

Д-р Луис исто така истакна дека СЗО била информирана за сомнежот дека епидемијата започнала на брод за крстарење што пловел во Југоисточна Азија, но дека нема информации.

Loading...

Оваа болест за прв пат била идентификувана кај луѓето во 1970 година во ДР Конго, а најверојатно била пренесена од заразени животни на луѓе.