Мајмунски сипаници (Page 3)

Мајмунски сипаници е заразна вирусна болест која може да се појави кај луѓето и некои други животни.

Можно е човек да се зарази со мајмунски сипаници без да покаже никакви симптоми. Симптомите имаат тенденција да започнат 5 до 21 ден по инфекцијата. Меѓу нив се главоболка, болки во мускулите, треска и замор, кои првично личат на грип.

Во рок од неколку дена по треската, лезиите карактеристично се појавуваат на лицето пред да се појават на трупот. Потоа на друго место, како што се дланките на рацете и стапалата.

Болеста може да личи на сипаници, но се разликува по присуството на отечени жлезди кои може да се појават зад увото, под вилицата, во вратот или во препоните, пред почетокот на осипот.

Многу случаи во епидемијата на мајмунски сипаници во 2022 година се со генитални и перианални лезии, треска, отечени лимфни јазли и болка при голтање,  при што некои пациенти манифестираат само единечни рани од болеста.

Три четвртини од засегнатите луѓе имаат лезии на дланките и стапалата, повеќе од две третини во устата, една третина на гениталиите и секој петти има лезии на очите. Тие започнуваат како мали рамни дамки, пред да станат мали испакнатини кои потоа се полнат со прво бистра течност, а потоа со жолта течност, која последователно пука и создава краста, опстојувајќи околу десет дена.

Може да има неколку лезии или неколку илјади, понекогаш спојувајќи се за да произведат големи лезии. По заздравувањето, лезиите може да остават бледи траги пред да станат темни лузни.

Волеста трае две до четири недели и смртноста е многу мала.

Најчесто се јавува преку близок контакт, особено сексуален однос, но и заразени површини. Во поголемиот дел од случаите во Европа вирусот се пренесува меѓу мажи кои имале секс со мажи.

Во продолжение последните информации на оваа тема.

Сподели со своите пријатели

Во Србија од 17 јуни, кога е регистриран првиот случај на мајмунски сипаницо, откриени се вкупно 23 заболени лица. Loading… Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, на територијата на Белград се потврдени 20 случаи на зараза, а по еден во Јужнобачки, Јужнобанатски и Сремски округ.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради брзото ширење на епидемијата на мајмунски сипаници низ целата земја, објави Си-Ен-Ен. Loading… Одлуката беше соопштена на брифинг во Министерството за здравство, кое деновиве беше обвинето дека не се справува на вистински начин со епидемијата на мајмунски сипаници и соПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Човекот заболел од мајмунски сипаници, а при прегледот дознал дека има и коронавирус. Loading… Научниците неодамна открија дека се појавиле нови симптоми на мајмунски сипаници кои досега не биле познати, а тоа се лезии во устата, анусот, отечени гениталии и анални болки. Ова искуство го доживеал Мајкл Кели, кој отишолПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул во петокот вечерта прогласи вонредна состојба во државата поради ширење на мајмунски сипаници. Loading… „Прогласувам вонредна состојба во земјата за да ги зајакнеме нашите напори во борбата против мајмуните сипаници“, напиша Хочулова на Твитер, пренесе Ројтерс. Таа додаде дека повеќе од еден од четириПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шпанија го пријави својот прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници. Loading… Првиот смртен случај од мајмунски сипаници е потврден во Европа, а само вториот надвор од Африка во сегашната епидемија. Бразил претходно го пријави првиот смртен случај предизвикан од мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент, а според извештајот наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Филипините го пријавија својот прв случај на вирусот на мајмунски сипаници откриен кај 31-годишен Филипинец кој се вратил од странство на почетокот на овој месец, соопшти денеска Министерството за здравство. Loading… Мажот закрепнал, но бил во самоизолација дома. Сепак, 10 лица, вклучително и тројца членови на неговото домаќинство, мораа даПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои неодамна биле заразени со мајмунски сипаници покажуваат многу различни симптоми од оние кои биле заразени во претходниот бран на мајмунски сипаници, предупредуваат експертите, а пренесува „The Sun“. Loading… Болката во анусот и отокот на пенисот се нови симптоми од кои пациентите страдаат неодамна, а не беа пријавени воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во земјава нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а Институтот за јавно здравје располага со доволно тестови за дијагностицирање на овие сипаници, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. Loading… – Има доволно тестови за евентуална појава на сипаници. За вакцините, од националниот кородинатор за имунизација имам потврда дека воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради зголемениот број на случаи на мајмунски сипаници во тој американски град и недостатокот на вакцини, пренесува Танјуг. Loading… Ова ќе им овозможи на локалните власти да мобилизираат дополнителни ресурси и персонал за борба против појавата и да го забрзаат развојот на плановите за итниПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во светот, повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во 78 земји, од кои повеќето се во Европа, објави Светската здравствена организација (СЗО). Loading… СЗО во саботата ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена закана. Во соопштението на здравствената организација се наведува дека досега вирусот еПрочитај повеќе