Кина (Page 98)

Кина, официјално Народна Република Кина (НРК), е земја во Источна Азија.

Таа е најнаселената земја во светот, со население од повеќе од 1,4 милијарди луѓе. Земјата опфаќа пет географски временски зони и граничи со 14 земји. Втора е по големина од која било земја во светот по Русија. Се состои од 23 провинции, пет автономни региони, четири општини и два специјални административни региони (Хонг Конг и Макао).

Национален главен град е Пекинг, а најнаселен град и финансиски центар е Шангај.

Кинескиот устав вели дека Народна Република Кина „е социјалистичка држава управувана од народна демократска диктатура која е предводена од работничката класа и заснована на сојуз на работници и селани“. Дека државните институции „ќе го практикуваат принципот на демократски централизам.“

Таа е меѓу единствените социјалистички држави во светот управувана од комунистичка партија.

Кинеската влада на различни начини беше опишана како комунистичка и социјалистичка, но и како авторитарна и корпоратистичка. Има тешки ограничувања во многу области, особено против слободниот пристап до интернет, на печатот, на собирање, право на раѓање деца.

Во продолжение сите вести од Кина.

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска изјави дека Кина има институционални предности во борбата против вирусот Ковид-19, откако САД најавија дека би можеле да пружат помош во случај на евентуално зголемување на бројот на заразени доколку тоа го побара Пекинг. Кина денеска ја забрза вакцинацијата наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинеската национална здравствена комисија од среда ќе престане да го објавува бројот на асимптоматски случаи бидејќи многу жители повеќе не се тестираат, но бројот на заразени со коронавирусот силно расте и тешко е да се обезбедат точни податоци за вкупниот број на заразени луѓе, известуваат агенциите. Епидемијата на КОВИД експлодираПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека Кина може да се соочи со „многу тежок период“ поради можен бран на инфекции, една недела откако почна да ја релаксира политиката на „нулта толеранција“ за Ковид-19. Кинеските државни медиуми известуваат за тешко болни пациенти во болниците во Пекинг. – Секогаш е многу тешкоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Индиски и кинески војници се судрија на спорната граница на Хималаите. Тоа е прв ваков инцидент меѓу две нуклеарни азиски сили во речиси две години. Индиското Министерство за одбрана соопшти дека војниците од двете страни претрпеле полесни повреди за време на инцидентот, кој се случи во петокот. Спорната граница одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ги предупреди африканските лидери против дестабилизирачката улога на Кина и Русија во Африка, за време на самитот во Вашингтон. „Кога станува збор за Кина, забележуваме дека таа го проширува своето влијание на континентот секој ден… и не секогаш на транспарентен начин за она штоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг на крајот на декември ќе разговараат за настаните од 2022 година, објави во вторник рускиот деловен весник „Ведомости“. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, за весникот изјави дека датумот и агендата на средбата се веќе познати, но дека официјалното соопштение ќе бидеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кина денеска објави дека ќе ја повлече апликацијата што се користи за следење контакти заразени со коронавирусот, што е пресвртница во напуштањето на земјата од стратегијата за нулта толеранција за Ковид-19, пишува Гардијан. Властите соопштија дека апликацијата, која следи дали некој бил во област со висок ризик врз основа наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кина и Саудиска Арабија ја потврдија важноста од стабилно снабдување на светските пазари на нафта и улогата на Ријад во тоа, се вели во денешната заедничка изјава по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на кралството. Кина ја поздравува улогата на Саудиска Арабија на светскиот пазар на нафта бидејќи поддржуваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата на ирански дронови во војната против Украина, изјавија двајца американски претставници. Според нив, санкциите ќе ја погодат Кина поради, како што тврди Вашингтон, нелегален риболов на Пацификот, додека расте загриженостаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинеските национални здравствени власти во средата соопштија дека асимптоматските случаи на Ковид-19 и луѓето со благи симптоми можат да останат во изолација дома, што е најсилниот знак досега дека Кина го подготвува своето население да живее со болеста. Повеќето случаи на инфекција со коронавирус се асимптоматски или благи и неПрочитај повеќе