СЗО бара од Кина да објави повеќе информации за коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти треба да споделат повеќе информации за инфекцијата со коронавирус, бидејќи бројот на заразени лица во таа земја се зголемува, соопшти Светската здравствена организација.

Loading...

Многу од строгите ограничувања во земјата беа укинати во последниве недели, а бројот на нови инфекции почна нагло да расте, што ги натера земјите ширум светот да почнат да воведуваат ограничувања за патниците од Кина.

Како што пренесува Би-Би-Си, претставниците на СЗО велат дека сакаат да видат повеќе податоци за хоспитализациите, луѓето во единиците за интензивна нега и смртните случаи. Бараат и бројки на вакцинирани лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

САД, Шпанија, Франција, Јужна Кореја, Индија, Италија, Јапонија и Тајван воведоа тестови за КОВИД за патници од Кина, бидејќи стравуваат од повторно оживување на вирусот.