СЗО: Потребни се повеќе информации за да се процени порастот на инфекции со корона во Кина

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) има потреба од повеќе информации за да го процени последното зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во Кина, изјави генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе денеска Ројтерс, пренесува Танјуг.

Loading...

„За да се направи сеопфатна проценка на ризикот на ситуацијата на теренот во Кина во врска со короната, на СЗО и се потребни подетални информации“, напиша Гебрејесус на Твитер доцна во четвртокот.

Бројот на заразени со корона вирусот се зголеми ширум Кина овој месец, откако Пекинг ја укина својата стратегија за нулта толеранција против вирусот, вклучително и редовно тестирање за ковид.

Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја, Индија, Италија, Јапонија и Тајван одговорија со воведување тестови за КОВИД за патниците кои пристигнуваат од Кина.