Германија (Page 82)

Германија или официјално Сојузна Република Германија, е земја во Централна Европа.

Таа е втора најнаселена земја во Европа по Русија и најнаселена земја членка на Европската унија. Има население од над 83 милиони во нејзините 16 конститутивни држави.

Германија се состои од шеснаесет покраини, кои на германски се нарекуваат Länder.

Секоја покраина има сопствен покраински устав и се во голема мерка автономни во поглед на нивната внатрешна организација.

Поради разликите во големина и население понатамошната административна поделба на овие покраини се разликува, особено помеѓу градовите-покраини (Stadtstaaten) и покраините со поголеми територии (Flächenländer).

За регионални административни цели, пет покраини (Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија), имаат воведено вкупно 22 административни окрузи (Regierungsbezirke).

До 2009 година, земјата била поделена на 403 окрузи (Kreise) на општински ниво, кои се состојат од 301 рурален округ и 102 урбани окрузи.

Во продолжение сите вести поврзани со Германија.

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да не ѝ испраќа оружје на Русија за војната во Украина и побара од Пекинг да изврши притисок врз Москва да ги повлече своите сили. Во обраќањето пред германскиот парламент, Шолц рече дека е разочарувачки што Пекинг се воздржува од осуда наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Седум лица се повредени кога авион на Луфтханза кој летал над САД бил погоден од силни турбуленции. Авионот летал на релација Остин-Франкфурт, а турбуленциите започнале над американската сојузна држава Тенеси. Седум лица се пренесени во болница, пренесува NBC News. Авионот принудно слета на аеродромот Далис во предградието на Вашингтон воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во разговор со нејзината кинеска колешка Чин Ганг во Њу Делхи рече дека неутралноста пред бруталниот напад на Русија врз Украина и кршењето на Повелбата на Обединетите нации го наградува агресорот. Бербок се сретна со Кина пред состанокот на министрите за надворешни работиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бундесверот не е во состојба да ја заштити Германија во случај на воена состојба, бидејќи има слаба материјална база и недоволен број на персонал, призна германскиот министер за одбрана Борис Писториус на конгресот на фракцијата на Социјалдемократската партија на Германија во Бундестагот. – Немаме вооружени сили кои се способни заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американските субвенции за промовирање технологии погодни за климата ги привлекуваат германските компании во САД, покажа истражувањето на Германската трговска и индустриска комора ДИХК. Истражувањето на ДИХК опфатило 2.400 компании од сите сектори и покажа дека секоја десетта веќе планира да го пресели производството во странство. Најпопуларна дестинација е Северна Америка,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Иран протера двајца германски дипломати кои работеа во Техеран откако Берлин на 22 февруари протера двајца ирански дипломати поради смртната казна изречена на иранско-германски државјанин, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. Министерството објасни дека дипломатите биле „непожелни поради мешањето на германската влада во внатрешните и судските работи“ на Иран. ГерманијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот онлајн малопродажен гигант eBay објави дека повеќе нема да наплаќа од малите продавачи во Германија провизии за регистрација или продажба за да им обезбеди дополнителен извор на приход за време на кризата. Провизијата и котизацијата ќе се укинат утре, на неопределено време и ќе ја отстранат најголемата пречка заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во престрелка пред основно училиште во Брамше, во Долна Саксонија, Германија, утрово две лица се тешко ранети, пренесува Билд. Полицијата уапсила осомничен маж, соопштија официјални лица. Згрижени се учениците и наставниците кои биле сведоци на инцидентот.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека сака да ги продлабочи односите на Германија со Индија пред неговата средба со индискиот премиер Нарендра Моди во Њу Делхи. „Индија и Германија имаат многу добри односи и сакаат да ги продлабочат. Тоа ќе биде тема на нашите разговори и што е најважно, миротПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Мнозинството луѓе во Германија веруваат дека испраќањето германско оружје во Украина би значело дека нивната земја учествува во војната, покажаа резултатите од истражувањето. Според истражувањето спроведено за германската агенција dpa од страна на институтот за истражување на јавното мислење YouGov, 51 отсто од испитаниците се согласуваат со таа изјава, аПрочитај повеќе