Јоханис: Потребно е поголемо присуство на трупите на НАТО во Црното Море

Сподели со своите пријатели

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е потребно поголемо присуство на трупите на НАТО во Црното Море.

Loading...

Шолц при посетата на Букурешт изјави дека се надева оти Романија оваа година ќе влезе во шенгенскиот систем на Европската унија, бидејќи таа земја ги исполнила сите критериуми за такво нешто, пренесе Ројтерс.

Зборувајќи заедно со Јоханис, Шолц рече дека двете земји сакаат да направат заеднички напори за поддршка на соседна Молдавија по рускиот напад врз Украина.

Тој го поздрави отворањето на фабриката на германскиот воен производител Рајнметал во Романија, пренесува Танјуг.

Бугарија и Романија се надвор од Шенген зоната бидејќи некои членки на ЕУ се против, бидејќи сметаат дека во тој случај би се случила илегална имиграција.