Светските лидери продолжуваат да ја помагаат Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Борис Џонсон, а четворицата лидери се согласија да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Loading...

Белата куќа објави, пренесува Танјуг, дека светските лидери разговарале за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, вклучувајќи ја и потребата да се избегнат воени операции во околината на нуклеарната централа.

Тие додаваат дека е важно делегацијата на Меѓународната агенција за атомска енергија да дојде во Запорожје што е можно поскоро, со цел да се утврди состојбата на безбедносните системи.

Лидерите на светските сили разговараа и за преговорите со Иран во врска со заживувањето на нуклеарната програма од 2015 година, потребата од зголемување на поддршката за партнерите на Блискиот исток, како и заедничките напори за „зауздување на дестабилизирачките активности на Иран“ во регионот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.