ЕУ започнува истрага против Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изјавил дека Европската унија ќе започне истрага против Фејсбук.

Фејсбук не пронашол вмешаност на Русија во Брегзит

Loading...

Тој навел дека тоа ќе биде сторено откако компанија за обработка на податоци, која работела за предизборен штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, дошла до податоци за милиони корисници на социјалната мрежа.

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Кембриџ аналитиката со седиште во Лондон според пишувањето на „Њујорк тајмс“ дошла до податоци за 20 милиони корисници на Фејсбук со кои без нивна дозвола биле правени психолошки профили на потенцијални гласачи и тоа можело да се направи со таргетирано огласување или извештаи.

Фејсбук казнет со 100 милиони евра

Тајани на Твитер навел дека „наводите“ за злоупотреба да податоци на корисниците на Фејсбук се неприфатливо кршење на правата за приватноста на граѓаните.

„Фејсбук“ ќе ја користи традиционалната пошта за контакт со огласувачите

– Европскиот парламент тоа целосно ќе го истражи, ќе бараме одговорност од дигиталните платформи, навел Тајани.

ЕУ: Фејсбук и Твитер се уште ги немаат ажурирано правилата за приватноста

Британските пратеници веќе го повикале директорот на Фејсбук Марк Зукерберг да сведочи во случајот пред парламентарниот одбор.

Фејсбук има сопствена единица за време?

Акциите на Фејсбук денеска паднаа скоро седум отсто по наводите за злоупотреба на податоците на корисниците, со што Фејсбук има најлош ден на берзата од 2012. година.

Поради промените на Фејсбук, Цукерберг загуби 3 милијарди долари

Поранешен вработен во „Кембриџ аналитикс“ Крис Вили за ТВ NBC рекол дека компанијата ги идентификувала гласачите кои можат да се поколебаат и им „подметнувале“ содржини кои би можеле да бидат невистинити, пренесува АП.

Фејсбук направи голем пропуст и ги откри броевите на корисниците

Loading...

Тој рекол дека компанијата користела „информациона доминантност“ да дојде до секој канал околу некој корисник на Фејсбук и него да го насочи кон избраните информации, менувајќи ја со тоа перцепцијата за она што се случило.

Над 1,5 милиони Македонци користат интернет, а милион Фејсбук

„Кембриџ аналитикс“ таргетирале да „истражат ментална ранливост кај луѓето“, рекол тој.

Фејсбук во петок соопшти дека би можел да ја забрани „Кембриџ аналитиката“ бидејќи како што е наведено, компанијата дошла до податоци за 270.000 луѓе кои се преземени преку наводна апликација за истражување, која е опишана како тест на личноста.

Откриена децениската измама на Фејсбук: Доколку ја добиете оваа порака, игнорирајте ја!

Фејсбук прв пат за тоа дознал пред две години, но досега воопшто тоа не било објавено.

Leave a Reply