„Супер Марио“ е најсреќниот човек на светот, 20 години живее на брод за крстарење

Сподели со своите пријатели

Италијанец по потекло, кој живее во САД, Марио Салседо веќе 20 години живее на бродови за крстарење, а себеси се опишува како најсреќниот човек на светот!

Loading...

Марио работел како финансиски директор во мултинационална компанија 21 година, а најголемиот дел од слободното време го поминувал во патување. Возење со авион го уморил, па реши да се смени.

Предвреме се пензионираше и реши да патува. Но, овој пат превозно средство не е авион туку брод. Патувајќи на различни крстарења, тој посака неговиот иден дом да биде на вода.

 

 

„Ми здосади да летам“, истакна Марио, додавајќи дека во Мајами, каде што тогаш живеел, сакал да шета покрај бродови за крстарење. Се запрашал како е да се плови на овие големи бродови, па решил да се качи на еден од нив.

Првото патување го започнал во 1997 година, а во следните години барал брод не само убав, туку и удобен.

Loading...

Тој стигнал до Скандинавија, Јужна Америка и Европа. Во јануари 2000 година се качи на крузерот „Војаџер на морињата“, во тоа време најголемиот брод што имаше многу да им понуди на патниците.

„Барав мир, кој го најдов на крстарења. На секој од нив среќавам дваесетина луѓе со кои се дружам“.

Марио се смета себеси за најсреќниот човек на светот, па пријателите на крстарењето му го дадоа прекарот „Супер Марио“.

 

 

„Животот на брод за крстарење има многу предности: нема обврски во однос на чистење, перење алишта, фрлање ѓубре. Целото време на овој свет ми е на располагање, како и работите во кои уживам“, истакна Марио.

Марио Салседо открива дека неговиот нов живот има и недостатоци.

Loading...

„Моите пријатели на копно речиси ме заборавија, бидејќи ретко се гледаме. „Никогаш не сум бил дома, сега мојата куќа патува“, се пошегува Марио Салседо.