Сунак: Западот е подготвен да го поддржува Киев со години

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека западните сојузници на Украина се подготвени да ја поддржат во војната со Русија „со години“.

Loading...

Сунак на конференција за одбрана во Лондон рече дека руската стратегија „да се чека луѓето (на Запад) да се уморат, да се здосадат… нема да функционира“, пишува Фајненшл тајмс.

„Сега разговараме со сојузниците за тоа какви долгорочни мултилатерални и билатерални безбедносни договори можеме да склучиме со Украина“, додаде Сунак, пренесува Гардијан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.