Стрништа, сува трева и житни култури гореа низ кумановско (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Две интервенции од пооглеми размери бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била во атарот на селата Агино село и Брзак каде горела поголема површина на сува трева, стрништа, грмушки и житни култури.

 

 

На терен интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила во период од 14:50 до 22:00 часот.

Втората интервенција била во атарот на селото Лојане каде е опожарена сува трева и стрниште.

 

Loading...

 

Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 16:15 до 21:45 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно избирачко место во Куманово отворено со задоцнување

Причина за избувнување на пожарите засега е непозната.

 

Никола Ивановски