Столтенберг пред продолжување на мандатот на чело на НАТО

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја остави отворена можноста неговиот мандат да биде продолжен, откако високи претставници на земјите-членки на Алијансата отворено ја поддржаа идејата, вклучително и еден од неговите потенцијални наследници, пренесува Ројтерс.

Loading...

Запрашан дали бил убеден да остане прв човек на воената алијанса за време на неговата посета на Вашингтон, Столтенберг рече:

„Јас сум одговорен за сите одлуки што треба да ги донесе НАТО, освен за онаа за мојата иднина. За тоа треба да одлучат 31 сојузник“.

Во септември, Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, рече дека не бара уште едно продолжување на неговиот мандат, потсетува Ројтерс.

Говорејќи пред новинарите денеска на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Столтенберг инсистираше на тоа да остане така, но постојано одбиваше да каже што би направил доколку членките на Алијансата побараат од него да остане генерален секретар.

Мандатот му е веќе трипати продолжен и во септември треба да се пензионира по девет години како генерален секретар на НАТО.

Сепак, според британската агенција, членките на Алијансата мака мачат да најдат наследник кој би можел да доведе до потребниот консензус на 31 членка.