Столтенберг: Оваа година 18 членки на НАТО ќе потрошат два отсто од својот БДП за одбрана

Сподели со своите пријатели

Од 2014 година, бројот на членки на НАТО кои издвојуваат два отсто од својот БДП за одбраната е зголемен шест пати, а европските членки севкупно ќе ја постигнат оваа цел за трошоци за одбрана оваа година, изјави во средата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Loading...

„Оваа година очекувам 18-те сојузници да потрошат два отсто од својот БДП за одбрана, што е нов рекорд и шесткратно зголемување од 2014 година кога само три членки ја исполнија таа цел“, рече Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на министри за одбрана.

Главниот секретар истакна дека европските членки ќе инвестираат вкупно 380 милијарди долари во одбраната, што е два отсто од нивниот БДП, но додаде дека некои од членките, кои трошат помалку од два отсто, мора да почнат да издвојуваат повеќе за одбраната.

Столтенберг рече дека министрите за одбрана ќе разговараат за натамошното забрзување на производството на муниција и дека само во изминатите неколку месеци НАТО склучил договори во вредност од 10 милијарди долари.

Меѓу другото, оваа недела Германија започна со изградба на нова фабрика за муниција во Долна Саксонија, која кога ќе го достигне целосниот производствен капацитет, ќе произведува 200.000 артилериски гранати годишно.