Столтенберг: Нема директна воена закана од Русија кон членките на НАТО

Сподели со своите пријатели

НАТО не гледа непосредна воена закана од Русија кон која било членка на Алијансата, но ќе продолжи со операцијата за одвраќање преку претстојната воена вежба „Steadfest Defender“, најголемата во последните неколку децении, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Loading...

Тој рече дека Алијансата го прави сето ова бидејќи го отстрани секој простор за погрешно проценување или недоразбирање во Москва за подготвеноста на НАТО да ја заштити секоја педа од својата територија, пренесува Ројтерс.

„Се додека го правиме тоа, нема да има напади на територијата на НАТО“, рече Столтенберг.

Околу 90.000 војници ќе учествуваат на претстојната вежба „Steadfest Defender 2024“, која започнува во февруари и ќе трае до мај.