Столтенберг му испрати порака на Трамп

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 75 години, НАТО беше во можност да спречи воен напад врз која било од своите членки благодарение на јасната комуникација дека Алијансата е таму за да ги брани своите членки и затоа секоја сугестија дека нема да се заштитиме едни со други ја поткопува безбедноста на сите од нас, изјави во средата генералниот секретар на НАТО и Јенс Столтенберг.

Loading...

„Целта на НАТО е да спречи војна, да го зачува мирот, да спречи напади врз сојузничките земји, а ние тоа го правевме со децении бидејќи нашата застрашувачка сила беше веродостојна. Затоа, секоја сугестија дека нема да се заштитиме едни со други ја поткопува безбедноста на сите нас и ги зголемува ризиците“, рече Столтенберг на прес-конференција на прашањето за коментар за неодамнешните изјави на Доналд Трамп, веројатниот републикански кандидат за претстојните претседателски избори во САД.

Трамп рече дека САД нема да им помогнат на оние земји кои не плаќаат два отсто од својот БДП за одбрана и дека, згора на тоа, ќе поттикне напад врз тие членки.

Одвраќачката моќ на НАТО не треба да се поткопува

Столтенберг рече дека неговата порака до Трамп е дека не треба да се нарушува кредибилитетот на силите за одвраќање на НАТО.

„Тоа се однесува и на способностите во кои инвестираме, но и на начинот на кој комуницираме бидејќи нашите противници ја имаат на ум нашата моќ за одвраќање. Не треба да оставиме простор за погрешни пресметки или недоразбирање во Москва за нашата подготвеност, посветеност и решителност да ги заштитиме сите сојузници“, рече генералниот секретар.

Столтенберг го повтори главниот принцип на кој почива НАТО, а тоа е дека нападот врз една членка носи одговор од целата Алијанса.

„Се додека стоиме заедно зад таа порака, спречуваме каков било напад врз еден од нашите членови. Затоа, важно е ова јасно да го пренесеме со зборови и дела“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека денес нема непосредна закана за сојузниците во НАТО поради таа одредба и затоа што Алијансата значително ја зголемила својата колективна одбрана од 2014 година.

Loading...

Силна поддршка за Украина

Тој рече дека тоа е поттикнато од руската нелегална анексија на Крим.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи силно да ја поддржува Украина, ја поздрави одлуката на ЕУ за пакетот помош од 50 милијарди евра и го повика американскиот Конгрес исто така да ја одобри помошта.

„Тоа не е милостина, тоа е инвестиција во нашата безбедност“, рече генералниот секретар.

Главна тема на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО е натамошната поддршка на украинските воени напори и распределбата за одбраната.

Земјите-членки си поставија цел да издвојат минимум 2 отсто од својот БДП за трошоците за одбрана.

Во среда попладне ќе има состанок на контакт групата за Украина, која обединува повеќе од 50 земји под водство на САД.

Дел од учесниците ќе бидат физички присутни, а дел ќе учествуваат на состанокот преку видео врска.

Во четврток Северноатлантскиот совет се состанува на ниво на министри за одбрана, а потоа и Советот НАТО-Украина.

Loading...