Стојчевски: Поради хигиената и безбедноста не може секој да влегува во соблекувалните на базенот

Сподели со своите пријатели

Со реакција на денешното писмо на родителите чиишто деца ги користат услугите на Затворениот градски базен, со реакција се јави и директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски, кој вели дека поради безбедносни и хигиенски причини е донесена одлука да се забрани влегување на лица кои не се корисници на услугите на базенот.

За наводната наплата која ја споменаа родителите, вели дека немаат таква намера, ниту можат без одлука на Советот да воведат такви давачки.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

Откако во управата беа упатени поплаки од страна на родителите дека има појава да им недостасуваат обувки и облека на децата во соблекувалната, донесовме одлука да ги зголемиме мерките на безбедност и да не дозволуваме во просториите да влегуваат лица кои не ги користат услугите на базенот.

Тоа значи дека децата сами ќе влегуваат во соблекувалната, а помошта околу соблекување и облекување да им ја пружаат лицата од клубовите, освен во случаи кога тоа е неопходно, односно да се дозволи да влезат само родители на многу мали деца.  Ова го правиме за да ја зголемиме безбедноста на децата пливачи, а пред се да го задржиме нивото на хигиена, бидејќи се работи за здравјето на децата. Не може секој од надвор да влегува со обувки во соблекувалната, а потоа децата боси да газат по истата површина и сета нечистотија да ја внесуваат во базенот. Тоа може да се рефлектира врз здравјето на децата. Немаме намера да направиме никакви дополнителни наплати, а ниту може тоа да го напрвиме без одлука на совет на општина Куманово, стои во реакцијата на директорот Даниел Стојчевски.

РЕАКЦИЈА ОД РОДИТЕЛИ: Самовластие на градскиот базен во Куманово

Loading...

Leave a Reply