Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ

Сподели со своите пријатели

„Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ“ е пораката што вечерва од плоштадот во Куманово ја упати носителот на листата кандидати за пратеници во изборна единица 2 од партијата ЗНАМ – За наша Македонија, Даниел Стојчевски.

Loading...

Како што рече тој, нашите закони наместо да бидат темели на општеството изгледаат како да немаат повеќе тежина.

– Ова е видливо во сите сфери на општеството и општественото живеење како што се здравстевениот систем, образованието и економијата, каде корупцијата и нееднаквоста ја разоруваат надежта на секој граѓанин во Република Македонија. Ние сме тука да предложиме конкретни решенија за трајни промени. Нашата програма „Проглас за достоинствена Македонија“ се залага за револуција во правосудниот систем, каде што правдата е столб на општеството и каде корупцијата нема место, рече Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Стојчевски најави реформи на правосудството, а меѓу нив и зголемување на казните за злоупотреба на службена положба и овластување со казна затвор од минимум 10 години.

– Казните да бидат строги и неселективни за да се обесхрабри секој обид за корупција. Нема заборав. Воведуваме принцип на незастарување на делата на криминал и корупција. Престапите против државата и нејзините граѓани не треба да бидат заборавени и игнорирани со текот на времето. Правдата бара компетентност, зајакнување на капацитетите, интегритетот на судскиот систем, преку избор на судии и обвинители кои имаат докажано искуство и знаење со минимално 10 години стаж и завршена академија за судии и јавни обвинители, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

 

Loading...

Порача дека нема повеќе да има вечни судии и обвинители и ќе се врши нивен реизбор на секои шест години.

– Со оваа мерка тие ќе мора постојано да ја докажуваат својата компентентност и посбетеност кон правдата. Службеници на народот. Сите нотари и извршители ќе станат државни службеници што ќе придонесе кон поголема контрола и стандардизација на нивната работа. Силна мотивација за високи стандарди. Зголемување на плата на администрација во правосудните органи за 30% за да се обезбеди најдобрите кадри да останат на овие критични функции, кажа Стојчевски.

Здравствениот систем, порача Стојчевски, треба да биде основа на надеж, а не симбол на очај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

– Нашата економија треба да нуди можност за сите, а не само за избраниците. Нашето образование треба да ја отвори портата кон иднината на секој наш млад човек. Не може повеќе да си дозволиме да бидеме земја од која младите луѓе масовно се отселуваат во потрага по подобра иднина. Мора да создадеме услови тука во срцето на македонија каде секој може да ја надје својата перспектива и просперитет, вели носителот Стојчевски.

Како што порача, не се сите исти.

– Не се сите исти, можеме поинаку. Имаме знаење, енергија, програма и воља да ја смениме политиката, македонија да биде достоинествено место за живеење, рече меѓу останатото Стојчевски.

Никола Ивановски